Кандидиран нов амбасадор на САД во Москва

Комитетот на американскиот Сенат за надворешни работи едногласно ја поддржа кандидатурата на Џон Тефт за нов амбасадор на САД во Русија.

Сенатот за неговата кандидатура треба да се изјасни до 1-ви август.

Кандидатурата на Тефт ја поддржале републиканците и демократите, потсетува руската агенција РИА новости и наведува дека едногласно се донесени одлуки на Комитетот, вистинска реткост заради меѓусебните судири.

Мислам дека не можеме себе да си дозволиме уште да чекаме со испраќање на амбасадор во Русија“, изјавил претседателот на Комитетот и сенатор на Демократската партија Роберт Менедес.

Тефт рекол дека е свесен дека го чека тешка работа.

„Нашите односи со Русија денес се во сериозен проблем и нивната иднина е несигурна“, оценил тој.

Американскиот претседател Барак Обама на 11 јули го именувал Тефт за амбасадор во Русија.

Тефт е дипломат од кариера, а претходно  бил американски амбасадор во Литванија, Грузија и Украина.

Местото на американски амбасадор во Москва е испразнето од фебруари кога тогашниот амбасадор Мајкл Мекфол најавил враќање во САД.