Капацитетите се преполнуваат, 1.581 пациент се лекува во болниците од корона

Вкупно 1.581 пациент се лекува во болниците во земјава по компликации од коронавирусот и има околу 260 празни кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 77 нови пациенти, а вкупно 654 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 44 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 14 приеми, 15 на Инфективната клиника, во Козле 1 и три деца на Клиниката за детски болести.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 75 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 304 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 142 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, на Клиниката за детски болести има 8 деца, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 927 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 89 пациенти, во Штип 60, Тетово 39, Велес 76, Куманово 156, Охрид 103, Прилеп 126, Гостивар 36, Струга 13, Струмица 85, Кочани 37, Кичево 23, Кавадарци 65, Гевгелија 19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.