Караванот на ДПМ во Крушево

Караванот на ДПМ во Крушево. Пред крушевчани утре во Домот на културата со почеток од 12 часот ќе се престават 30 автори, учесници на манифестацијата Поетски караван на ДПМ.

Љубителите на литературата во Крушево ќе имаат можност да се сретнат со поетите Стојан Тарапуза, Иван Чаповски, Марта Марковска, Кочо Топузоски, Раде Силјан, Делвина Керлуку, Бранко Цветкоски, Никола Јовановски, Весна Ацевска, Зоран Пејковски, Елена Пренџова, Трајче Кацаров, Веле Смилевски, Сеида Бегановиќ, Санде Стојчевски, Весна Мундишевска, Борче Панов, Миле Јовановски Поречанец, Христо Петрески, Петре Димовски, Милица Радевска, Никола Илијовски, Александра Велинова, Василе Димески, Милица Пашовска, Мирјана Стојановска, Паскал Гилевски, Кире Неделковски, Јовица Илиќ и Перо Миленковски.

Караванот на ДПМ во Крушево
Караванот на ДПМ во Крушево

Годинашниот циклус на Поетскиот караван на ДПМ се одржува во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во земјата. Поетите до сега гостуваа во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип, Тетово, општина Илинден, Македонски Брод, Демир Хисар и Лазарополе, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.

Како што информираат од ДПМ, до крајот на ноември оваа манифестација ќе продолжи во  Гевгелија, Куманово, Велес, Кавадарци и Радовиш.

Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ што е составен дел на Деновите на Блаже Конески кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, во чест на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.