Кардиф и Барнли на чекор до рекордот, играа само 42 минути

Англиските премиерлигашки Кардиф Сити и Барнли го одигра во неделата најкусиот натпревар на Островот во последните пет години, што предизвика аларм во водството на лигата, но и меѓу челниците на International Football Association Board (IFAB), фудбалското тело кое мора да го признае секое фудбалско правило пред неговото усвојување.

Кардиф и Барнли одиграа само 42 минути чиста игра, додека 48 минути беа потрошени на прекини, како и на разни задржувања на враќање на топката во игра. Предничеше притоа бекот на Кардиф, Шон Морисон, кој на изведување на аути во текот на мечот потроши дури осум минути.

Ова е вториот најкус премиерлигашки натпревари, по дуелот меѓу Астон Вила и Стоук Сити од декември 2013 година во којашто имаше 40 минути и 50 секунди чиста игра.

Водството на Премиер лигата остана шокирано од овој податокот, свесно дека никој не сака да плаќа скапи влезници за да гледа само 40 минути фубал.

Меѓународниот одбор на фудбалските сојузи (International Football Association Board IFAB) уште минатата 2017 година ја покрена иницијативата „Плеј Фер“, чијашто главна цел е да се зголеми времето кога топката е во игра. Во IFAB сакаат да утврдат дали може технологијата или примерите од другите спортови да помогнат за во фудбалот да има што повеќе „чиста“ игра.

Еден од предлозите е натпреварите да траат двапати по 30 минути, но часовникот би се запирал при секој прекин на играта или кога топката би излегла надвор од теренот. Разгледувани се и други, малку помалку контроверзни промени. Еден од нив е и дека голманот би можел да изведе слободен удар или гол-аут додека топката се движи. Предложено е и играчот при замена да може да излезе на кој и да е дел од теренот.

Следниот состанок на IFAB е закажан за март следната година во Шкотска, и на него ќе се расправа за овие идеи.

Меѓународниот одбор на фудбалските сојузи е формиран во 1986 година на состанокот на фудбалските сојузи на сите земји од Обединетото Кралство во Манчестер. Покрај тоа што одвреме навреме воведува ново правило, IFAB ги надополнува правилата кои се користат посебно на натпреварите.