Карл фон Хабсбург: Изборите треба да се одржат во јуни и не треба да се одлагаат поради технички причини

Карл фон Хабсбург: Изборите треба да се одржат во јуни и не треба да се одлагаат поради технички причини
Карл фон Хабсбург: Изборите треба да се одржат во јуни и не треба да се одлагаат поради технички причини
Силите одвнатре и однадвор се обидуваат повторно да го променат датумот на избори, што според мене е апсолутно неприфатливо. Мислам дека изборите треба да се случат во јуни и не треба да се одлагаат повторно поради технички причини каде што не гледам дека има екаква валидност.

Ова го вели Карл Фон Хабсбург, актуелен претседател на Пан-европската Унија на Австрија и прв човек на династијата Хабсбург во своето гостување во емисијата „Гласот на народот“.

Тој вели дека ако ја погледе актуелната политичка ситуација во Македонија, и Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов “плаќаат цена поради тоа што се апсолутно исправни во тоа што го прават и за тоа што се држат до владеењето на правото и Уставот“.

-Затоа што мислам дека владеењето на правото и Уставот мора да се поддржат од секого кој што е на политичка позиција, пред се мислам на претседателот Иванов и поранешниот премиер Груевски кои се обидуваат да го одржат владеењето на правото против меѓународниот притисок, кој што им се врши понекогаш. Тие се многу чесни лица, воопшто не се сомневам во тоа. Ова се најважните две личнсоти кои што ја претставуваат Македонија на меѓуанродно ниво, и за мене се лица со интегритет и никогаш сум немал причина да се сомневам во нивниот интегритет, вели Фон Хабсбург.

Тој додава дека државите не смеат ништо да наметнат на Македонија и да почнат да и туторираат или наметнуваат нешто.

– Мислам дека не треба да се сомневаат во Уставот на Макеоднија, кој што е зкаонски е донесен на сила и треба да се постапува согласно Уставот, вели Фон Хабсбург.

Каков е законскиот, политичкиот ефект е нешто што не можам да го судам, меѓутоа со текот на времето ќе видиме што ќе се случи, дали тој постапил исправно или не, вели Фон Хабсбург.

Тој повторува дека Иванов направил вистински чекор во интерес на својата земја, а какви ќе бидат правните и политчки ефекти е нешто што ќе го видиме во иднина.

-Претседателот сум го сретнал во многу пригоди и знам дека е многу чесен, дека работи во интерес на својата земја и апсолутно сум сигурен дека ваквата одлука не ја донесол лесно. По долго размислување за поледиците ја донесол ваквата одлука и сугурен сум дека одмерил кои се позитивните, а кои се негативните последици и апсолутно сум сигурен дека според него ја донел најдобрата одлука, вели Фон Хабсбург.