Карлеуша до Шешељ: Добро е што умираш од рак

Пејачката Јелена Карлеуша ја искоментира изјавата на претседателот на радикалите, Војислав Шешељ дека сеуште е горд што се радувал на убиството на српскиот премиер Зоран Жинжиќ, кој е убиен на 12 март 2003 година.

Карлеуша на социјалните мрежи напишала дека е добро што тој умира од рак.

„Шешељ повтори дека е добро што Ѓинѓиќ бил убиен. На тоа само треба да се додаде дека е добро што Шешељ умира од рак“, напишала таа на својот Твитер профил.

Screenshot_3

Шешељ на првата прес-конференција по враќањето од Хаг, изјави дека со убиството на Ѓинѓиќ Србија се ослободила од предавник и мафијаш, а потоа додаде дека Ѓинѓиќ е само една црна дамка во српската историја.

„Се радував и бев горд кога беше убиен Ѓинѓиќ, бидејќи на тој начин српскиот народ се ослободи од мафијаш и предавник. Зошто сега би се каел за тоа“, изјави Шешељ.

Шешељ оваа изјава ја имаше дадено и за време на судењето против него во Хаг.