Карлос Тевез ќе заврши таму каде што почна

Карлос Тевез ќе заврши таму каде што почна

Претседателот на аргентинскиот гигант Бока Јуниорс, Даниел Анџеличи е убеден дека побрзо или покасно ќе дојде и тој ден кога бомбардерот на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Карлос Тевез, повторно ќе го обелче дресот на својот матичен клуб.

Искусниот напаѓач својата професионална кариера ја започна во дресот на Бока Јуниорс, а во минатото го има носено и дресот на Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

„Редовно комуницирам со Тевез, начесто телефонски. Ми кажа дека сака својата богата професионална кариера да ја заврши во дресот на Бока Јуниорс. Јас сум убеден дека ќе дојде и тој ден, не е важно дали побрзо или подоцна, важно е дека повторно ќе го облече дресот на аргентинскиот гигант. Според мене, Тевез ќе се врати во Аргентина кога ќе му заврши договорот кој го има со Јувентус. Ми вети дека ќе се врати, но Тевез нема да биде следната аквизиција на Бока Јуниорс, Тевез има договор со шампионот на Италија”, изјави претседателот на аргентинскиот гигант.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.