Кастратовиќ: Девојките одиграа фантастично

Иако без помошта на Андреа Лекиќ, која заработи повреда на самиот почеток од мечот и мораше да го пропушти остатокот, а и веќе отсутните “вардарки” кои подолг период се надвор од теренот, сепак македонскиот ракометен шампион успешно се носеше со тимот на Будуќност и со само малку среќа нашите девојки ќе славеа на синоќешниот дуел.

Но и нерешениот исход е огромен успех, а своето задоволство не го криеше ниту тренерот на тимот, Индира Кастратовиќ.

“Моите девојки извлекоа не 100 туку 300 проценти од своите можности и им честитам на тоа, а исто така би сакала да изразам и голема благодарност на публиката која беше феноменална. Се што се договоривме претходната недела беше исполнето на теренот, затоа сум навистина сум горда на моите девојки. Се надевам со Будуќност ќе се видиме во финалето. Повредата на Леќиќ не е сериозна, добивме информаци од лекарите дека се работи само за дисторзија на зглобот”
– истакна Кастратовиќ.

Доказ дека Вардар одигра феноменална партија се и комплиментите од спротивниот табор, пред се од тренерот Аџиќ.

“Честитки за Вардар и на нивната феноменална игра покрај сите повреди и проблеми што ги имаа. И ниие исто така игравме без Булатовиќ, а брзо останавме без Бизгра на денешниот натпревар што многу не поремети. Како и да е, ова е феноменална публика, гостопримство, навистина сме импресионирани од сето она што го прави Вардар во Скопје” – изјави тренерот Аџиќ.