Катастрофалниот економски раст ја бетонира Македонија на дното во Европа

Брутодомашниот производ во првите три месеци од годинава се зголемил за минимални 0.1% – соопшти Државниот завод за статистика.

Експертите велат дека ако се продолжи со вака слабото темпо на работење, БДП и во наредниот период нема да бележи добри резултати а тоа значи уназадување на економијата и пад на и онака нискиот стандард во државата. Тие стравуваат дека со вакви резултати тешко дека ќе се постигне проектираниот раст на БДП за 2018 година.

Особено катастрофални резултати забележа досега најголемиот двигател на економијата – градежништвото. Овој сектор го заврши првиот квартал во слободен пад од 37.2%. Освен пуштањето на автопатот Демир Капија – Смоквица кој беше завршен уште лани, речиси и да нема реализација на капиталните проекти во областа на инфраструктурата. Тоа го потврдува и реализацијата на капиталните проекти од неполни 11% за 4 месеци.

 

Експертската јавност предупредуваше дека вака слабото работење на новата влада ќе се одрази на економијата и на стандардот на граѓаните. Колку за споредба БДП во првите квартали бил значително повисок од 2013 до 2016 година. Така во првиот квартал во 2016 година БДП имал раст од 2% додека во 2015 година за истиот квартал растот бил 3,2% . Во 2014 годин пак растот на БДП за првиот квартал изнесувал високи 3,9 % а во 2013 година македонската економија имала раст во првите три месеци од 2,9 %.

Македонската економија доживува катастрофално слаби резултати. Експертите велат дека ако се продолжи со вака слабото темпо на работење, БДП и во наредниот период нема да бележи добри резултати а тоа значи уназадување на економијата и пад на и онака нискиот стандард во државата. Тие стравуваат дека со вакви резултати тешко дека ќе се постигне проектираниот раст на БДП за 2018 година.

И покрај лошите резултати, Владата не отстапува од тврдењето дека економијата ќе ги достигне проекциите за раст од 3.2% годинава.

Премиерот Зоран заев, вели дека БДП е проектиран на годишно ниво од 3.2% и тоа ќе се  постигне.

Кога ги земате параметрите, колку тие компании работеле лани во првиот квартал споредено со оваа година, тие паднале поради самите проблеми во проектите.
Високо градбата во градежништвото расте. Енергетиката, индустријата, земјоделието – се со раст од 6, 7, 8 и 10 отсто. Извозот во Република Македонија е зголемен за 14,3 отсто во евра, во долари како паралела е повеќе од 31 отсто. ДДВ наплатата, од 1 јануари до 31 мај 2018, во споредба со 2017, е зголемена. ДДВ-то е доказ за економската активност во државата, истакна премиерот Заев.

Со 0.1 отсто раст во првиот квартал годинава, Македонија се најде на дното во Европа. Дури и земјите од регионот во првите три месеци имале солидни стапки на раст. БДП во Србија и Словенија се зголемил за 4,6%, во Бугарија за 3 и пол отсто, па дури и презадолжената Грција остварила раст од 2.4%.