Казорла достапен на Атлетико (М) за 19 мил. евра

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, откри дека клупските челници се подготвени да ги разгледат сите понуди кои се наменетни за шпанскиот интернационалец, Санти Казорла.

Крилниот напаѓач одигра под очекуваното ниво во изминатата сезона и не ги исполни големите очекувања кои ги имаа раководните лица на популарните “топчии”.
Поранешниот фудбалер на Вилјареал и на Малага веќе извесен временски период важи за голема желба на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М).
Големата желба на трофејниот аргентински стручњак, Диего Симеоне може да стане реалност доколку до крајот на летниот преоден рок, популарните “јорганџии” испратат официјална понуда за Казорла не помала од 19 мил. евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.