Украинскиот претседател Виктор Јанукович сепак има намера да потпише договор за поблиски односи со Европската унија, соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, по средбата со проевропските демонстранти во Киев, пренесе „Би-Би-Си“.
Демонстрантите се против одлуката на претседателот Виктор Јанукович, да не го потпише договорот за асоцијација со ЕУ.
Ештон рекла дека Јанукович, на нивната заедничка средба ја уверил дека целта му е да го потпише договорот, но таа не прецизирала кога може да се очекува тоа.
Ештон изјави дека загриженоста на Јанукович доаѓа од краткорочните економски проблеми со кои се соочува Украина.