Киево ангажира трет тренер од почетокот на сезоната

Доменико Ди Карло стана третиот тренер на италијанскиот фудбалски прволигаш Киево од почетокот на сезонава, откако на оваа позиција го замени поранешниот италијански селектор Џан Пјеро Вентура.

Вентура поднесе оставка по само четири натпревари на клупата на клубот од Верона во кои освои само еден бод. Во првите осум кола Киево го водеше Лоренцо Д’Ана, кој во тие натпревари освои два бода.

Киево, инаку, сезоната ја започна со три бода минус, казна поради неправилности во финансирањето на клубот. Во моментов на табелата на Серија А, „Летечките магариња“ има нула бодови, а најблиски конкуренти за спас во лигата му се Удинезе и Емполи кои имаат по девет бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.