Кираца Трајковска не е повеќе акционер во Фершпед

Потпретседателот на Надзорниот одбор Кираца Трајковска која поседуваше 1.925 обични акции, односно 10,63% од основната главнина во друштвото  повеќе не е акционер во друштвото, се вели во соопштението на Македонска берза.Со акциите на Кираца се стекна Друштвото за инвестирање и консалтинг КОНСАЛТИНГ ИНВЕСТМЕНТС СИН ДООЕЛ Скопје.

„Согласно член 38, точка 1 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје , Фершпед АД Скопје известува дека Друштвото за инвестирање и консалтинг КОНСАЛТИНГ ИНВЕСТМЕНТС СИН ДООЕЛ Скопје се стекна со  2.155 обични акции , односно 11,90 % од основната главнина на друштвото,“ се вели во соопштението на Берза.

Очигледно, ова исходот од „војната“ што таа ја објави на семејството Накови пред еден месец кога во соопштението до јавноста и акционерите укажа на незаконитости во работењето на компанијата.

На нејзино барање, свикано е и Вонредно собрание на 10 јануари во хотел Метропол, Охрид.

Во меѓувреме, додека траеше војната, на Берза се продаваа голем број акции, чија што вредност по акција изнесуваше 3000 евра.