Кирил Џајковски на Сигет фестивал

Mакедонскиот композитор и музички продуцент Кирил Џајковски ќе настапи на еден од најголемите музички фестивали во Европа, Сигет Фестивал, кој се одржува во Будимпешта. Фестивалот  ќе се одржи од 11 до 18 август, а настапот на Џајковски е закажан за 17 август.

На фестивалот ќе настапат „Д Продиџи“, Лили Ален, „Бонобо“, „Квинс оф д стоун ејџ“, „Пласибо“, „Стромае“, „Дедмаус“, Аксвел и уште многу други.

Кирил Џајковски годинава ја почна со настап како најдобриот „ЦЕЕТЕП“ артист за 2013 година, на најголемиот „шоукејс“ музички фестивал „Еуросоник“ кој се одржа во јануари, во Гронинген – Холандија, и беше првиот македонски артист кој до сега настапил на најреномираниот фестивал за европската музичка индустрија.

Покрај настапот на Сигет Фестивал, Кирил Џајковски својата музика годинава ќе ја претстави на големите музички настани во повеќе европски земји, како Белгија, Холандија, Романија, Португалија, Словенија и други.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.