Кирјос повторно се изглупира – го навреди Вавринка

Кирјос повторно се "изглупира" - го навреди Вавринка

Резултатот беше 1:1 во сетови, но Кирјос водеше во последниот сет со 4:0 и беше на добар пат да го елиминира четвртиот рекет на светот од турнирот во Монтреал.

Сепак, младиот Австралијанец со скандалозното однесување фрли длабока сенка на својата победа, бидејќи во текот на натпреварот кој беше исполнет со доста емоции дофрли лоши коментари до Вавринка. Кирјос го навреди ривалот со зборовите: Кокинакис ја е…е твојата девојка”, мислејќи на Хрватката Дона Векиќ.

Студен туш од Кирјос за врската помеѓу Вавринка и Векич
Студен туш од Кирјос за врската помеѓу Вавринка и Векич

И тој многу зборуваше во мој правец, се случи во жарот на борбата. Не знам, случајно го кажав тоа, го прокоментира инцидентот Кирјос.

Вавринка не реагираше веднаш, но на Твитер му одговори на противникот, и тоа на достоен начин.

Разочарувачки е да се види колега исполнет со толкаво непочитување на начин на кој не ни можев да замислам. Такво нешто не би му кажал ниту на најголемиот непријател. Да се падне на такво ниско не е само неприфатливо, туку и тешко за да се поверува. Нема потреба за такво однесување на теренот и вон него, се надевам дека владеачките тела во овој спорт нема да поддржат вакво однесување и дека ќе застанат во одбрана на интегритетот на овој спорт, напиша Вавринка.