Коктел од антитела би можел да ги штити домашните на заболен од Covid-19

Комбинација на две антители од компанијата „Regeneron Pharmaceuticals“ наречени REGN-COV би можела да ги заштитат ризичните членови на семејство на лице заболено од Covid-19, покажуваат прелиминарни резултати од испитувања.

Според прелиминарните резултати од третата фаза од испитувањете, која ги објави оваа фармацевтска компанија, лекот „REGN-COV“ односно коктел од антитела касиривимаб и имдевимаб, стопроцентно ги редуцира симптоматските инфекции и за 50 отсто ја намалува вкупната стапка на заразата.

Во рамките на испитувањата се прави обидот да се утврди дали лекот ја спречува заразата и појавата на симптоми на Covid-19 кај лица кои се изложени на висок ризик од заразата, на пример кога живеат во исто домаќинство со лице заболено од Covid-19.

Резултатите сугерираат дека коктелот би можел не само да го намалат пренесувањето на вирусот, туку и да ја намалат и тежината на болеста кај оние кои ќе се заразат, изјавил за медиумите шефот на истражувањето на „Regeneron Pharmaceuticals“, Џорџ Јанкопулос.

Со оваа терапија, која би можела да ја добијат блиските контакти на заразено лице, веднаш во организамот се внесуваат антителата за разлика од вакцините кои само го поттикнуваат имунолошкиот систем на создавање антитела, па затоа и дејствуваат одложено бидејќи создавањето на антителата е процес кој трае седмици.

„Овој пристап би можел да ги штити пациентите на хемотерапија и да овозможи контрола односно превенција на жариштата на инфекцијата во установите и да се намали притисокот врз здравствените служби“, вели др Пени Ворд од Кралскиот Колеџ во Лондон.

Првичните податоци од испитувањата се резултат на обработката на првите 409 испитаници, а се очекува дека со клиничките испитувања ќе бидат опфатени вкупно 2.450 учесници. Комплентите податоци се очекуваат во април.