Концесија за нови 34 мали хидроцентрали

Владата на Република Македонија годишно за инвестиции во водостопанската инфраструктура издвојува по 20 милиони евра, а донесен е план за инвестиции во следните 10 години во висина од 200 милиони евра.

Како што потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на партискиот конгерс во Куманово, освен ова владата вложува и во изградба на нови хидроцентрали.

-Изградени се 24 мали хидроцентрали, во фаза на градба се 20, останатите 22 се во фаза на одобрение за градба, а донесени се одлуки за концесија на нови 34 мали, потенцираше Груевски.

Груевски воедно изјави дека во Суводол се утврдија геолошки резерви од 55.000.000 тони јаглен и дека се очекува почеток со експлоатацијата кон средина  на 2015 година.

Како што тој потенцираше во изминатиот период се овозможија скорешни отворања, во наредните година до две, на рудниците Иловица во Боилево, Стогово, Тајмиште кај Кичево, Казандол кај Валандово, нов дел на Саса, и повеќе други.