Кошаркарски спектакл во Абу Даби – Србија против САД

Голем кошаркарски спектакл не очекува  меѓу според многумина двете селекции кои што се најголеми фаворити за златниот медал токму на Игрите во француската престолнина.

Србија и Соединетите Американски Држави ќе одиграат пријателски натпревар во рамки од подготовките за турнирот во Париз. Ова го потврди селекторот на Србија, Светислав Пешиќ.

„Најверојатно одиме во Абу Даби на турнир. Таму ќе играме прво со Австралија , па со Соединетите Американски Држави. Испратија понуда да потпишеме договор, условите што ги добивме се фантастични. Федерацијата треба да потврди, но најверојатно ќе одиме таму“, изјави Пешиќ.