Ковачиќ е првата летна аквизиција на Реал (М)

Репрезентативецот на Хрватска, кој во изминатата сезона го носеше и дресот на италијанскиот калчо гигант Интер, Матео Ковачиќ, најверојатно ќе биде првата летна аквизиција на новиот европски клупски шампион, Реал (М).

Шпанските медиуми се убедени дека во следните неколку дена, претседателот на “кралскиот клуб”, Флорентино Перез ќе испрати официјална понуда за младиот играч за врска која нема да биде помала од 25 мил. евра.
Таквата примамлива понуда најверојатно ќе биде прифатена од новиот сопственик на “нероазурите”, индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир кој пред неколку недели изјави дека неговиот клуб е во минус од 80 мил. евра и дека ќе мора да продаде неколку фудбалери за да купи неколку нови.