Крај брегот на Индонезија и Малезија спасени 1.400 мигранти

Четири чамци со околу 1.400 имигранти од етничката заедница Рохинги се спасени денеска покрај бреговите на Индонезија и Малезија, изјавија претставници на локалните власти, еден едн откако речиси 600 имигранти пристигнаа во водите покрај брегот на Ацех во Индонезија со дрвен чамец, пренесе МИА.

Трговците со луѓе оставиле повеќе од илјада имигранти од Бангладеш и Мјанмар во плитките води кај островот Лангкави во Малезија, соопшти полицијата.

– Сметаме дека имаше три чамци со 1.018 имигранти, изјави заменик-шефот на полицијата во Лангакви, Џами Ахѕмед, додавајќи дека се очекува пораст на бројот на имигрантите, кои се наоѓаат околу тој остров.

Индонезиските спасувачки тимови рано изутринава открија уште еден чамец, кој се наоѓал кај источен Ацех со 400 лица од Мјанмар и Бангладеш, изјави шефот на спасувачите во провинцијата Ацех, Будиаван.

Будистичкото мнозинство во Мјанмар смета дека 800 илјади муслимански Рохинги, кои живеат во таа земја се илегални имигранти од Бангладеш и тие изминатите години често пати беа цел на верски напади.