Кремљ: Американскиот извештај покажа дека немало руска вмешаност

Кремљ во петокот соопшти дека во долгоочекуваниот извештај на специјалниот американски истражител и обвинител Роберт Мјулер нема докази во полза на обвинувањата дека Русија наводно се мешата во американските претседателски избори во 2016 година.

Извештајот објавен во четвртокот детално ги наведува контактите меѓу претставници на кампањата на сегашниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година и лица кои се посочени како наводни руски оперативици кои барале начини резулатот од изборите да биде во полза на Трамп. Истрагата на Мјулер, меѓутоа, не можела да утврди никаков кривичен договор меѓу кампањата на Трамп и Москва.

Во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите рече дека Москва жали поради тоа што извештајот на Мјулер влијаело врз односите меѓу Вашингтон и Москва.

„Генерално, во извештајот воопшто нема никакви докази дека Русија се мешала во американските избори. Како и претходно, ние и натаму не прифаќаме никакви обвинувања“, рекол Песков.

Кремљ, исто така, смета дека е апсурдно споменувањето во извештајот на информациите за контакти на американската страна, вклучителни и лица кои биле поврзани со кампањата на Трамп, со редица претставници на крупниот бизнис од Русија, како што е косоопственикот на „ Алфа-банка“, Шетр Авен, челникот на Рискиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев и поранешниот челни на ВЕБ банката, Сергеј Горков. Песков притоа не се согласил со мислењето дека руските бизнисмени со овие контакти нанеле штета на руската надворешна политика.

„Никој никому не му наштетил. Во тоа се состои суштината на бизнисмените, а да се опушуваат контактите на вавките бизнисмени во слични документи претставува апсурд“, рекол Песков.

Според него, такавата комуникација меѓу бизнисмените со колеги и функционери се одвоваат во сите држав и „за среќа, такви апсурди како во извештајот на Мјулер во дргуи земја нема“.

Одговарајќи на прашањето дали руските бизнисмени го известиле рускиот претседател Владимир Путин за нивните конатки со Американци, Песков одговорил дека „некои беа пријавени, а некои не“. Рекол дека на пример, не е запознат дали Горков го известил Путин за неговите контакти со советникот на американскиот претседател и негов зет Џаред Кушнер, но оти претставува апсурд понудите за соработка да се сметаат за одобрени од рускиот челник. Но посочил дека поаѓајќи од нивните функции, тое комуницираат со деловните заедници на странски земји и привлекуваат инвестиции и оттаму „колку повеќе комуницираат, толку подобро“.

Во четвртокот беше објавена редактирана верзија на извештајот на специјалниот американски обвинител Роберт Мјулер, кој открил „многи врски“ меѓу руската влада и кампањата на Трамп, но заклучил дека нема доволно докази за да потврди дека во текот на кампањата постоел криминален заговор со Москва во нејзиното наводно мешање во изборите.

„Иако истрагата утврдила дека руската влада сметала дека би можела да профитира од победата на Трамп и да учестввува со цел да го обезбеди тој резултат, како и дека од тимот на кампањата на Трамп очекувале дека ќе имаат повеќе полза во добивањето гласови од информациите кои Русите ги украле и објавија, истрагата сепак не утврди дека членови од кампањата на Трамп биле во заговор или координација со руската влада во активностите на мешање во сопствените избори“, се наведува во извештајот на специјалниот обвинител кој го објави американското министерство за правда.