Кристијан Голубовиќ си заработи уште 14 години казна затвор

Александар Кристијан Голубовиќ, озлогласениот припадник на српското мафијашко подземје, денеска е осуден од Врховниот суд во Белград на 14 години затвор поради трговија со дрога.

Трговијата со дрога се одвивала на релацијата Белград-Нови Пазар, а за делото кое го направил Голубовиќ си заработи 14 години затвор, пренесе Блиц.

Голубовиќ бил обвинет дека организирал група која тргувала со кокаин од почетокот на август во 2009. до 16 јануари 2010. година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.