Кристијансон: Можеме да го победиме Металург со седум голови разлика

Тренерот на данскиот ракометен клуб Колдонг Арон Кристијансон е голем оптимис во пресрет на 1/8 финалниот реван против македонскиот вицешампион Металург во Лигата на шампионите. Тој смета дека неговиот тим може да ја анулира негативата од шест голови од првиот натпревар (23:17) и да се пласира во 1/4 финалето во најквалитетното ракометно натпреварување.

„Имавме малку време да се подготвиме за мечот со Металург во недела, каде ќе мораме да победиме со најмалку седум гола за да продолжиме со натпреварување, и реално сметам дека е тоа можно, бидејќо вообичаено има голема разлика меѓу перформансите на екипите од Балкан кога играта дома и на гости.

Од друга страна сега нема да имаат многу од работите што ги имаа на првиот натпревар. В недела ќе има понормален ракометен меч, изјави Кристјансон за интернет страницата на ЕХФ.