Кривични пријави против Д.С и Ѓ.Ѓ за продажба на дрога

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинтелство Скопје ги предаде Д.С. (26) и Г.Ѓ. (44) од Скопје, поради основано сомневање дека сториле кривично дело –“ неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и “овозможување на уживање“.

За сторените кривични дела кои е казниви по член 215 и 216 од КЗ, од страна на Судија во претходна постапка им е одреден мерка притвор во траење од 30 дена.

Единицата за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА, по добиеното сознание дека дека двајцата пријавени во подрумски простории на ул. „Народни Херои“ во скопска Кисела Вода, продаваат и овозможуваат уживање на наркотични и синтетички дроги, превзедоа инатензивни мерки и активности за обезбедување на материјални докази.

Притоа е дојдено до сознание дека Д.С. во текот на мај годинава од засега непознато лице, набавил поголема количина на марихуана, кокаин и таблети екстази. Така набавената дрога, заедно со Г.Ѓ. ја препакувале за улична продажба и ја чувале во подрумска гаража на ул. „Народни Херои“ сопственост на Г.Ѓ., од каде ја продавале на ужватели, а исто така и им овозможувале уживање на истата.

Постапувајќи по добиените сознанија, а во консултација со Судија од претходна постапка, Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА, превзедоа оперативно мерки и активности при што во близина на подземната гаража на Г.Ѓ. се забележани повеќе лица како влегуваат и излегуваат од гаражата. Од страна на полициските службеници, во просторот пред гаражата се легитимирани пријавените, како и седум други лица, кои биле затекнати таму и над сите е извршен личен преглед, а од подот каде биле затекнати се пронајдени седум отпушоци од рачно направени цигари мешавина од марихуана и тутун.

При извршениот преглед кај Д.С. се пронајдени 3,4 грама кокаин, спакувани во осум паковки, 65 таблети екстази со лого „Мајмунче“, 7,3 грама марихуана спакувана во четири зипер кесички и една рачно направена цигара мешавина марихуана со тутун.

По ова сите лица се лишени од слобода и приведени во службените простории на ЕНТ, каде од истите е земена урина за анализа за утврдување на пристуство на наркотична дрога, при што од извршената анализа кај сите се детектирани метаболити од тетрахидроканабинол – психоактивна супстанца што ја содржи марихуаната.

Со писмена наредба од Судија на претходна постапка, извршени се претреси во домовите и други простории на пријавените, при што во гаражата, сопственост на Г.Ѓ., пронајдени се и одземени 925,7 грама марихуана спакувана за улична продажба во 300 зипер кесички и една таблета екстази. Инаку, Д.С. е регистриран сторител на кражби во моторни возила на подрачјето на општина Кисела Вода, за што во периодот 2005/2006 година му се поднесени четири кривични пријави.