Кучиња скитници нападнале девојка во Аеродром

Три кучиња скитници нападнале девојка во населбата Аеродром утринава околу 6 часот, но за среќа таа поминала без сериозни повреди,  пишува Вечер.

Девојката врискала и со ташна се бранела од кучињата, потоа  продолжила понатаму, но на неколку метри кучињата повторно ја нападнале.  За среќа таа поминала без сериозни  повреди.

Ова не е прв случај во населба Аеродром кучиња скитници да напааѓаат луѓе. Пред неколку месеци исто така неколку кучиња скитници нападнаа девојче, едно куче ја гризнало и таа со сериозни рани заврши во болница.