Кучково четири месеци без вода, општина Ѓорче Петров не реагира

Скопското село Кучково од април месец е без вода. Сред лето на  плус 40 степени кога низ државата има страшни пожари ние во Кучково немаме капка вода – реагираат жителите преку соопштение испратено до медиумите.

Тие велат дека ова е сериозен проблем со кој се соочувааат, секој ден се жалат до надлежната општина Ѓорче Петров, но одговор нема.

-Последниот пат не избркаа од општината. Тука живееме и има над 200 куќи – коментираат тие посочувајќи дека медимуте им се последната надеж за да се направи притисок до општина Ѓорче Петров за решавање на овој горлив проблем.