Кучиња нападнаа скопјанец пред кафулињата на кејот на Вардар

Уште еден напад од кучиња бил пријавен во петокот во полициска станица. како што информираат од полицијата.

Во 11 часот и 30 минути, во станица се јавил 20-годишниот С.Н. од Скопје кој пријавил дека истиот ден на кејот на реката Вардар, пред кафулињата на Плоштадот бил нападнат од група кучиња.

Кучињата според пријавата, го нападнале додека се возел со својот велосипед по кејот.

Од страна на лекар констатирани му се повреди на десната потколеница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.