Кујперс ќе им суди на Реал (М) и Атлетико (М)

Најпознатиот холандски судија, Бјорн Куиперс ќе ја има таа чест да ја дели правдата на финалниот натпревар од годинашното издание од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 24 мај во Лисабон, а силите ќе ги одмерат големите градски ривали од шпанската Примера дивизион, Реал (М) и Атлетико (М).

Минатата сезона Куиперс ја делеше правдата во финалниот натпревар од Лигата на Европа. Негови асистенти во финалето на ЛШ ќе му бидат сонародниците Сандер ван Рокел и Ервин Зеинстра.

Холанѓанецот во последните неколку сезони беше главен судија на две средби на Реал, при ремито од 1-1 против ЦСКА Москва и при убедливиот пораз од 4-1 на ланското полуфинале против Борусија Дортмунд. Кујперс бил главен судија на само еден меч на Атлетико Мадрид, при ремито на овој клуб против Челси во сезоната 2009/2010.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.