Култната јакна на Мајкл Џексон на наддавање

Култната јакна којашто своевремено ја носеше американската поп-икона Мајкл Џексон би требало да биде понудена на наддавање во Лондон во ноември, пренесува BBC.

Џексон ја носеше споменатата јакна во рекламниот спот за „Pepsi Co.“ од 1984 година и е една од повеќе од 200 парчиња коишто се ставени на продажба.

Вредноста на црно-белата кожена јакна, изработена по нарачка на самиот Џексон специјално за спотот, е проценета на меѓу 200.000 и 400.000 фунти.

Самата реклама е низата од спотовите за безалкохолниот пијалок во кои се појавува суперцѕвезда.

Овој рекламен спот и денеска се споменува, бидејќи во текот на снимањето на Џексон му се запалила косата и се здобил со изгореници по проблемите со пиротехниката. Меѓутоа, тогаш на себе имал друга јакна.

Овој експонат ќе се најде на наддавањето на продавачот на костими и реквизити Prop Store, заедно со „La Rocka“ јакната на Џорџ Мајкл, којашто ја носел додека го изведуваше дуетот со Арета Френклин во 1987 година.

На истото наддавање, исто така, ќе биде понуден и додаток за коса во форма на кошница којашто Ејми Вајнхаус ја користеше во 2007 година, за видео-спотот за „ You Know I’m No Good“, песна од нејзиниот последен албум „Back To Black“.

Другите сувенири кои се понудени на продажба вклучуваат предмети кои се однесуваат на Дејвид Боуви, Елвис Присли и Тhe Beatles.

Гитарата од марката „Gibson“ којашто му припаѓала на Ангус Јанг од AC/DC би можела да постигне цена од 120.000 фунди, додека токата за ременот на Џон Ленон се проценуваа на 60.000 фунти.