Кумaновец ја уби сопругата и нејзината мајка, па скокнал од прозорец

Двојно убиство и самоубиство го потресе во петокот попладнето Куманово, потврдија полициски извори, додавајќи дека усмртени се две жени, мајка и ќерка, а осомничениот убиец подоцна самиот си пресудил.

„Околу 14.25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.) Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот. Д.Ј. бил пренесен во болницата во Куманово, каде починал“, информираат од МВР.

Од страна на јавен обвинител и екипа на СВР Куманово се преземаат мерки за расчистување на случајот.