Кумановски делегати на конгресот на СДСМ револтирани затоа што градоначалникот Димитриевски не е член на Централниот одбор

Делегати на конгресот на СДСМ од Куманово реагирале до врвот на партијата затоа што градоначалникот Максим Димитриевски не е кандидат за член на Централниот одбор на владејачката партија и побарале да се стави точка на дневниот ред со дополнување на кандидатите, пишува Фактор.мк.

Обвиниле дека во Куманово предлозите за кандидати на ЦО ги правела мала група, а подоцна се исмејувале. Точката не била ставена на дневниот ред, затоа што прво се избрал новиот Централниот одбор, а лидерот Зоран Заев подоцна констатирал дека беспредметно било да се гласа за предлогот кога веќе го изгласа ЦО.

Димитриевски кој процедурално се пријавил да се заблагодари на кандидатурата, ја одбил и кажал како што досега давал поддршка на СДСМ, така ќе продолжел и натаму. Изјавил дека ќе дава поддршка на партијата, како и досега кога партијата се соочувала со многу големи предизвици од 24 декември и 27 април. Димитриевски истакнал дека мали групи и поединци прават раздор во партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.