Квалификации ЕП: Италија ѝ се придружи на Белгија

ANSA/RICCARDO ANTIMIANI

Откако по долги децении не се пласираа на минатото Светско првенство, фудбалерите на Италија се оддолжуваат во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, и ѝ се придружија на Белгија како втора репрезентарција која обезбнеди пласман

Белгија во четвртокот прва се пласираше на Европското првенство, отакко во средбата од седмото коло од Групата И го победи Сан Марино со 9:0, запишувајќи ја седмата победа во групата со гол разлика 28:1.

Во седмото коло од Групата Ј, во саботата вечерта Италија на римскиот стадион „Олимпико“ против Грција славеше со головите на Жоргињо во 64 минута од пенал и на Федерико Бернадески во 78 минута, и го задржа стропроцентниот учинок.

Во истата група Лихтенштај ја изненади Ерменија одигрувајќи 1:1. Гостите поведоа со голот на Тигран Барсегјан во 19 минута, но домашните израмнија во 72 минута преку Јаник Фрик.

Откако ги загуби трите од последните четири натпревари, Босна и Херцеговина во саботата во Зеница славеше со 4:1 против Финска. Стрелци за Босанците беа Изет Хајровик во 29, Миралм Пјаниќ во 37 од пенал и во 58, и Армин Хоџиќ во 73 минута, додека Фиците погодија во 79 минута преку Џоел Појханпало.

Во Групата Ј Италија има максимални 21 бод, втора е Финска со 12, а БиХ и Ерменија имаат по 10 бодови, петта е Грција со 5 а Лихтенштајн има 2 бода.

БиХ, по киксот на Ерменија, со оваа победа ги заживеа шансите преку квалификации да оди на ЕП, но има и втора можност врз основа на резултатите од Лигата на нациите, односно преку бараж во март следната година, а таква можноста има и Финска.

Во Групата Ф шведска ја победи на гости Малта со 4:0. Стрелци беа Маркус Дениелсон во 11, а потоа два пенала реализираше Себастијан Ларсен во 58 и 71 минута, додека во 66 минута автогол си постигна Андеи Агиус.

Шпанија на гости кај Норвешка водеше до судиското продолжение со погодокот на Саул Њигуез во 47 минута, но во четвртата минута по истекот на регуларните 90 минтути за домашните погоди од пенал Џошуа Кинг. „Црвената фурија“ така пропушти можност да им се приклучи на Белгија и Италија со стопроцентен учинок и практично да го потврди пласманот на ЕП.

Романците останаа во игра за пласманот откако на гости очекувано беа подобри од Фарските Острвови со 3:0. Стрелци беа во последните 20 минути од дуелот Георге Пушкаш во 74, Александру Митрита во 83 и Клаудиу Масеру во четвртата минута од судиското продолжение.

Во Групата Ф Шпанија води со 19 бодови, Шведска има 14, Романија 13 а шанси за пласман има и Норвешка со 10 бодови, додека Малта со три Фарски Острови без бодови и пред квалификациите беа отпишувани.

Романија го има најлошиот распоред до крајот на квалификациите, треба да играат со Норвешка, Шведска и Шпанија. Најлесно, пак, треба да ѝ биде на Норвешка, која покрај дуелот со Романците ќе игра и со Фарски Острпви и со Малта, додека Шведска ќе се сретне со Шпанија, Романија и на крајот со Фарски Острови. Но и Шведска и Норвешка може да се надеваат на пласман на ЕП преку баражот.

Во дербито на Групата Д, Данска на домашен терен го победи Швајцарија со 1:0, иако гостите дури трипати ја гаѓаа стативата на данскиот гол. Победничкиот гол го постигна Јусуф Поулсен во 84 минута на асистенција на најдобриот дански фудбалер Кристијан Ериксен.

Во вториот меч од оваа група Грузија и Ирска во Тбилиси одиграа без голвои.

Ирска е во водство со 12 бодови, колку што има и Данска, додека Швајцарија е трета со 8 бодови, а зад неа е Грузија со 5 бодови. Последен е Гибралтар без бодови.

Дури три репрезентации од оваа група – Данска, Швајцарија и Грузија, можат да одат на ЕП и преку резултатите постигнати во Лигата на нациите, односно преку баражот во март.