Квинсленд избра фосил на мутабурасаурус за свој официјален грб

Властите во австралиската сојузна држава Квинсленд се надеваат дека ќе охрабрат повеќе обожаватели на „Паркот Јура“ да го посетат тој дел од Австралија доколку ликот на диносаурусот стане новиот официјален грб на државата.

Фосилот мутабурасаурус (Muttaburrasaurus), кој живеел пред повеќе од 100 милиони години во шумите на тој дел од Австралија, е една од главните атракции на областа Аутбек Квинсленд и остварува милиони долари приход од туризмот.

Сепак, туристичките власти веруваат дека фосилите пронајдени во регионот имаат далеку поголем потенцијал, а тоа е да ја претворат државата Квинсленд во палеонтолошко центар на јужната хемисфера.

„Квинсленд е дом на најдобрите фосили пронајдени на австралиска почва и мислам дека нема подобар амбасадор за Аутбек од диносаурусот мутабурасаурус“, вели локалниот министер за туризам Стирлинг Хинчлиф при објавувањето на одлуката.

Австралија последниве години доживува еден вид бум на диносаурусите. Фосили од претходно непознати видови диносауруси продолжуваат да се наоѓаат во оддалечените делови на земјата, привлекувајќи илјадници ентузијасти на диносаурусите и аматерски палеонтолози во Аутбе за да учествуваат во ископувањата.

Фосил на мутабурасаурус беше пронајден во 1963 година во реката Томпсон во близина на градот Мутабура, но првпат беше опишан дури 20 години подоцна. Овој тревојад бил висок 7 метри и се верува дека можел да се движи на две и на четири нозе. Скелетот на мутабурасаурусот е еден од најдобро зачуваните праисториски скелети пронајдени во Австралија.

Така, мутабурасаурус стана првиот фосил кој ја има честа да биде избран за грб, а девет други грбови на државата Квинсленд ги вклучуваат коалата, ендемската мечка, Големиот корален гребен и орхидејата куктаун (Dendrobium bigibbum).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.