4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Лагите на СДСМ на виделина – Никаде во Извештајот на ГРЕКО нема препорака за унапредување во МВР без критериуми и по 3 скалила одеднаш, вели Ковачки

Лагите на СДСМ и Оливер Спасовски повторно се распукаа како меур од сапуница, рече на денешната прес-конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве го извештајот и препораките од ГРЕКО. Никаде во препораките нема насока министерот да може да унапредува по 3 места одеднаш. СДСМ и Спасовски повторно со лаги и измами, криејќи се зад наводни препораки, вметнуваат деструктивни решенија во законите. Ова се штетни решенија кои наместо да бидат во функција на спречување на корупцијата и партизацијата, тие се катализатор на истите. Со уништувањето на системот за кариера кој беше граден со помош и на ЕУ, односно преку озаконувањето на унапредување на вработените без критериуми и тоа за 3 скалила одеднаш, се СТИМУЛИРА корупцијата во високите редови на МВР и се врши партизација до најниските нивоа во министерството. На овој начин, лице поставено како водич на безбедносен реон во полициска станица со чин помлад инспектор, ќе може директно да биде назначено за командир на полициската станица. Или второ, лице – самостоен инспектор, вработено во некој сектор на Одделот за организиран криминал во МВР во кој има Одделенија и Сектори, преку ноќ, со потпис на Спасовски ќе може да биде назначено за началник на целиот Оддел, т.е. да им стане началник на сите дотогашни началници на одделенија и сектори во рамките на тој Оддел што брои неколку стотици луѓе. Спасовски е должен да и објасни на македонската јавност, зошто за безбедноста на граѓаните ќе се грижат лица без потребните компетенции и без искуство и дали се тоа европските вредности за кои се залагаат. Вакво штетно законско решение не постои никаде во Европа, истакна Ковачки.

СДСМ прави преседани за во иднина и истите ќе имаат влијание на професионалноста и меѓучовечките односи во МВР, а со тоа и на безбедноста на државата, додаде тој.