Лаказет влезе во проблеми поради балон

Напаѓачот на лондонски Арсенал, Александр Лаказет, одново се најде во проблеми откако на интернет се најде видео снимка на која се гледа како вдишува гас од балон.

Видеото го прикажува 28-годишниот француски напаѓач како вдишува од балон седејќи, додека очите му се затворени. На Лаказет ова му е втор ваквов инцидент, откако пред 18 месеци исто така беше фатен како вдишува азотен оксид, позната и како „гас за смеење“. Клубот тогаш го казни, а сега може да се очекува уште пожестока казна.

Азотниот оксид, кој се користи во медицината, по вдишувањето предизвикува чувство на еуфорија и опуштање, а има и лица кои доживуваат и благи халуцинации. Меѓутоа, погрешна доза може да доведе до паѓање на крвниот притисок и пулсот, како и до намалување на моќта за расудување и несвестица. Особено младите го вдишуваат во комбинација со многу алкохол и други „лесни“ дроги, па ефектот е посилен и со тоа и поопасен за здравјето.

Особено во Велика Британија долго се водеше остра дебата околу азотниот оксод, кој е многу популарен меѓу младите Британци, за на крајот судот сека да одлучи дека овој гас е нелегален доколку се користи за тин „рекреациски“ цели.

Арсенал по видоето објави дека е отворена дисциплинска постапка против Французинот, додавајќи дека проблемо ќе биде решен интерно.

Меѓутоа, дел од британските медиуми вече објавија дека иднината на Лаказет во редовите на „Топчиите“ е одброена, особено бидејќи ова не му е првиот инцидент откако во 2017 година кога стаса од Лион за 53 милиони евра.

Минатиот месец играчот беше на удар на јавнсота поради кршењето на мерката за социјално дистанцирање, откако го однесе својот автомобил на чистење.

Францускиот напаѓач во Арсенал заработува 150.000 евра неделно, а во трите сезони постинга 45 голови на 114 натпревари.