Лекувањето со бета интерферон драматично го намалил бројот на тешко болни од Covid-19

Прелиминарните резултати од клиничкото истражување укажуват дека новото третирање на пациентите со Covid-19 драматично го намалува бројот на болните на коишто им е потребно згрижување на одделите за интензивна нега, објави компанијата „Synairgen“.

За лекувањето британската биотехнолошка компанија „Synairgen“ го користи протеинот бета интерферон кој организмот го произведува кога е нападнат од вирус, пренесува BBC. Белковината ја вдишуваат директно во белите дробови заболените од Covid-19, надевајќи се дека ќе стимулираат имуно одговор.

Првичните резултати сугерираат дека шансите за развој на тешка форма на респираторната билест Covid-19, чиј патоген е новиот сој коронавирус SARS-CoV-2, кај хоспитализираните пациенти, коишто на пример бараат примена на респиратор, се намалени за 79 отсто. Но овие резултати сѐ уште не ја минале научната рецензија.

Шансите за закрепнување на пациентите до точката во која болеста не ги загрозувала нивните секојдневни активности, биле два до трипати поголеми. Истражувањето, исто така, укажало и на многу значително намалување на симптомот на кој пациентите често се жалат, односно останување без здив.

Просечното време на престој во болница е намалено за третина за оние кои се на новото лекување, од просечните девет на просечните шест дена хоспитализација.

Двократното испитување по случаен избор опфатило 101 доброволец на лекување во девет британски билници. Половината биле на лекот, а половина на плацебо односно материи без дејство.