Лесја Украинка: Дезинформација е дека е побарано целата улица „Македонија“ во Варна да се преименува во „Украина“

Иницијативата беше само делот на улицата каде се наоѓа рускиот конзулат во Варна да се преименува во улица „Украина“, а не и целата улица

Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ апелира до медиуми и  портали да не шират лажни и искривени информации во врска со петиции за преименување на улици во различни земји, каде се наоѓаат руски амбасади и дипломатски претставништа (што навистина е глобална инициатива на Украинското МНР на знак на солидарност со Украина), а поконкретно, да не шират провокативна и нецелосна информација дека наводно е побарано улица „Македонија“ во Варна во Република Бугарија да се преименува во улица „Украина“.

Со тоа се поттикува омраза помеѓу трите земји и се дава повод за злонамерни гласници кои поддржуваат руската агресија врз суверена Украина да предизвикуваат непотребни тензии во моментот кога најмалку се потребни и во земјата и пошироко, особено во врска со чувствително прашање на членство на Северна Македонија во ЕУ, велат од здружението.

Поради тоа, ве молиме внимателно да ги пренесувате информациите, а имено дека иницијативата беше само делот на улицата каде се наоѓа рускиот конзулат во Варна да се преименува во улица „Украина“, а не и целата улица. Покрај другото, сметаме дека таква инцицијатива двете наши пријателски земји да ја делат една иста улица во Варна, дополнително може да послужи за пример и за симбол на добри односи помеѓу Република Северна Македонија и Украина.

Истото се однесува и само за делот на улицата во Скопје.

Информацијата за барање за преименување на само дел од улицата е широко претставено во бугарските медиуми. Како доказ ви даваме линкови во прилог.
https://cutt.ly/nDLjcP6
https://cutt.ly/3DLkx5T

Здружението уверува дека Украина и Украинците секогаш со длабока почит се однесуваа и се однесуваат и кон братската Република Северна Македонија и кон нејзината историја, и во никој случај не сакаат иницијативата да биде толкувана погрешно, и повикува информациони портали и медиуми на достојно претставување на оваа чувствително прашање

Здружението користи оваа прилика за да уште еднаш се заблагодари на сестрана поддршка која Република Северна Македонија ѝ дава на Украина кога таа и е највеќе потребна, стои во соопштението од Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.