Леви доби дозвола од Абрамович за Лукаку

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем откри дека во текот на вчерашниот ден, сопственикот на популарните “петли”, Даниел Леви имал телефонски разговор со сопственикот на градскиот ривал Челзи, Роман Абрамович од кого побарал информација околу достапноста на белгискиот интернационалец, Ромелу Лукаку.

“Разговорот помина во пријатна атмосфера, а Леви доби одлична вест. Лукаку може да добие дозвола за преселба на “Вајт Харт Леин” за време на летниот преоден рок. Белгискиот интернационалец ќе биде продаден доколку Тотенхем испрати понуда не помала од 20 мил. фунти”, изјави анонимниот извор.

Таквото побарување не би требало да биде некаков поголем проблем ниту за раководните лица на Арсенал, Манчестер Јунајтед и Јувентус, кои веќе потврдија дека се сериозно заинтересирани за услугите на 20-годишниот напаѓач.