„Лица без маски“ од 12 до 17 септември во Универзална сала

Независната продукција „ТЕАТАР 007“ и Ј.У. ЦОП „Универзална сала“-Скопје, со гордост Ви го најавуваат седмото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“, кое ќе се одржи од 12 до 17 септември, 2014 година.

Под мотото „Вистината е во средината“, фестивалот од 12 до 17 септември, ќе понуди десет претстави со алтернативна и експериментална естетика, кои кореспонидраат со современите текови на театарското живеење, односно претстави кои на симболичен начин се обидуваат да ја доловат вистината на денешното човеково егзистирање.

Покрај учеството на пет претстави од Италија, Чешка, Србија, Бугарија и Грција, фестивалската програма годинава е дополнета и со пет ексклузивни македонски независни театарски продукции и авторски проекти на наши истакнати уметници.

Со минатогодишното учество на претставата „Филм“ на Саша Ефтимова, организацијата вети и годинава ја реализира целта да промовира македонски независни театарски продукции кои работат и творат со алтернативни, нови и своремени театарски естетики.

Десетте претстави на програмата на фестивалот ќе бидат дополнети и со промоции на книги, настапи на музички бендови и секако неизбежните работилници кои ќе се одржуваат во претпладневните часови во Универзална сала-Скопје.

Како и во изминатите години, така и оваа фестивалот ќе додели три награди и тоа: „Гранд при“ за најдобра претстава во целина, „Награда за најдобра режија“ и „Награда за најдобро актерско остварување“, а за нив ќе одлучува три члено жири.

Програмата на фестивалот „Лица без маски“, ќе се одржува на „Главната сцена“ и „Малата сцена“ на Универзална сала-Скопје.

Наскоро очекувајте повеќе детали за програмата и екслузивните гостувања на македонските и европски независни театарски продукции.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.