Лига на шампиони: Реал против Борусија, Барса се соочува со Јуве

Во „Грималди Форум“ во Монако во четвртокот беше одржано жребувањето за групите во фудбалската Лига на шампионите, во кој уште во оваа фаза се очекуваат жестоки судири.

Клубовите се поделени во осум групи по четири клубови, а годинава доаѓаат од 17 национални шампионати, од кои најмногу дури пет има Англија.

Жрепката како и минатите години беше полудиригирана, бидејќи клубовите кои се претставници на иста земја не може да се сретнат во иста група, ниту, пак, поради политичките состојби тимовите од Русија и од Украина.

Секако најинтересна е Групата Х во којашто силите ќе ги одмерат европскиот шампион Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и Тотенхем.

Натпреварувањето по групи започнува на 12-ти септември и ќе трае до 6-ти декември по што по две најдобропласирани екипи од секоја група ќе го продолжат натпреварувањето во осминафиналето.

Титулата ја брани Реал Мадрид, а финалето е закажано за 26-ти мај 2018 година во украинската престолнина Киев.

Група А: Бенфика (Португалија), Манчестер Јунајтед (Англија), Базел (ШВајцаија) и ЦСКА Москва (Русија).

Група Б: Баерн Минхен (Германија), ПСЖ (ФРанција), Андерлехт (Белгија) и Селтик (Шкотска).

Група Ц: Челзи (Англија), Атлетико Мадрид (Шпанија), Рома (Италија) и Крабах (Азербејџан).

Група Д: Јувентус (Италија), Барселона (Шпанија), Олимпијакос (Грција) и Спортинг Лисабон (Португалија).

Група Е: СпартакМосква(Русија), Севиља (Шпанија), Ливерпул (Англија) и Марибор (Словенија).

Група Ф: Шахтер Донецк (Украина), Манчестер Сити(Англија), Наполи (Италија) и Феенорд (Холандија).

Група Г: Монако (Франција), Порто (Португалија), Бешикташ (Турција) и РБ Лајпциг (Германија).

Група Х: Реал Мадрид (Шпанија), Борусија Дормунд (Германија), Тотенхем (Англија) и АПОЕЛ (Кипар).