Лига 1: Испадна Мец, Сен Етјен во доигрување, а Мбапе со хет-трик го одбележа новиот договор

Фудбалерите на Мец испаднаа од најквалитетното француско натпреварување, додека славниот Сен Етјен во разигрувањето за опстанок.

Сен Етјен, барем накусо, се спаси одигрувајќи 1:1 кај Нант, додека Мец загуби со 0:5 кај новиот шампион Пари Сен Жермен, со три погодоци на Килиан Мбапе кој претходно во саботата го продолжи договорот до 2025 година.

Во Нант домашните поведоа со голот од пенал на Лудовик Блаз во 24 минута, а израмнувањето за Сен Етјен го донесе Ромен Амума во 79 минута. Нант остана на средината на табелата со 55 бодови, а Сен Етјен сега со 32 бода дојде до 18-то место од кое добива шанса да го обезбеди во дополнителен меч опстанокот во Лига 1.

На парискиот „Парк на принцовите“ стрелци за ПСЖ покрај Мбапе кој беше прецизен во 24, 28 и 50 минута, беа уште Нејмар во 31 и Анхел Ди Марија во 67 минута.

ПСЖ од поодамна ја обезбеди титулата со 86 бодови, дури 15 повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј, а Мец остана 19-ти со 31 бод, колку што има последниот Бордо.

Лил и Рен одиграа интересен натпревар кој заврши без победник 2:2, но гостите силно се израдуваа на освоениот бод кој ги води во европските купови. Тимоти Веа ги доведе домашните во водство во 11 минута, но до полувремето Бенжамин Буриго во 41 минута израмни. Веа во 88 минута повторно го доведе во водство Лил, а во третата минута од судиското продолжение на натпреварот посакуваниот бод го донесе Серу Жораси.

Така Рен дојде до четвртото место со 66 бодови предност пред бодовно израмнетата Ница, па се квалификуваше во групната фаза од Лига Европа следната сезона. Лил е токму на средината од табелата со 55 бодови.

Гостите од Ница победија со 3:2 кај Ремс, иако домашните има предност од 2:0 со головите на Иго Ектиките во 9 и Камори Думбиа во 17 минута. Но во финишот Ница со брзкиот хет-трик на Анди Делор во 75 од пенал, во 77 и 82 минута направи целосен резултатски пресврт.

Така Ница дојде до 66 бодови и петтото место коешто води во квалификациите за европската Конференциска лига следната сезона. Ремс првенството го заврши на 12-то место со 46 бодови.

Анже со головите на Томас Мангани во 45 минута од пенал и Матијас Переира Лаге во 67 минута на домашен терен го совлада Монпелје, но не успеа да го мине на табелата. Монпелје сезоната ја заврши како 13-ти со 43 бодови, со два бода едно место над Анже.

Лориен и Троа, клубовите кои во пресрет на последното коло го решија прашањето на опстанок, одиграа мирољубиво 1:1. Гостите поведоа во 22 минута со голот на Јоан Тузгар, а за домашните бод спаси Арманд Лириенте со погодокот во 74 минута. Кај гостите во 85 минута беше исклучен Иса Каборе, но Лориен не успеа до крајот тоа да го искористи.

Троа првенството го заврши со 38 бодови на 15-то место, а Лоирен со два бода помалку е две места подолу.

Ленс и Монако одиграа 2:2. Домашните поведоа преку Пжемислав Франковски во 30 минира, но гостите направија пресврт преку Беноа Бадијашил во 34 и Висан Бен Једер во 63 минута. Бод за домашните спаси во шестата минута од судиското продолжение на мечот Ингасиус Ганаго.

Монако со 69 бодови остана третопласиран и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а Ланс заврши седми со 62 бодови.

Некогаш трофејниот Бордо селидбата во понизок ранг на натпреварување го одблежа со гостинска победа од 4:2 кај Брест.  За домашните стрелци беа Стив Муние во 16 и Кусев Белаилио во 34 минута, а за гостите Рикардо Мангас во 14, Секу Мара во 32 и 73 и Жаваиро Дилросун во 75 минута.

Бордо можеше да добие шанса да се бори за опстанок само со висока победа, но притоа Сен Етјен требаше да биде поразен. Вака Жироднинците станаа фенерции со 31 бод, а Брест 11-ти со 48 бодови.

Новиот прволигаш Клермон го задржа прволигашкиот статус и покрај домашниот пораз од Олимпик Лион. Гостите поведоа со головите на Муса Дембеле во 26 и Усем Ауар во 49, а поразот го ублажи Мохам,ед Бејо во 59 минута.

Лион остана осмопласиран со 61 бод, а Клермон со 36 бодови остана на 17-то место, последното коешто гарантира опстанок во елитата.