Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 ќе функционираат, но сега со ЈСП

Линиите 19, 20, 22, 52 и 54 продолжуваат да функционираат непречено и покрај раскинатиот договор со приватниот превозник „Макекспрес“, кој во изминативе години ги опслужуваше посочените линии, информираат од ЈСП-Скопје.

-Возниот ред, трасите и постојките на линиите остануваат исти, единствено наместо возила на приватниот превозник, петте линии ќе ги опслужуваат возила и возачи на ЈСП Скопје.

Договорот со приватниот превозник „МАКЕКСПРЕС“ се раскина поради непочитување на обврските од договорот со кој беа уредени условите за начинот на јавен превоз, додаваат од јавното претпријатие.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.