Лирим Дулови: Груевски е пуштен да избега од страна на власта

Мојот впечаток е дека Груевски е пуштен, инаку не е можно тој до толку да ги изигра сите овие институции во државата, но немам доказ за тоа, ова вечерва во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма го истакна новиранот Лирим Дулови.

Понатаму во емисијата вели дека неговиот став за Договорот со Грција да има политички компромис и тоа со амнестија затоа што бројките на последните избори тоа го наметнуваат.

Ова што се прави денеска е последица од резултатите од последните избори. Работата е дали СДСМ односно Заев не мораше од почетокот да ја крене топката толку високо и денеска да му бориме секојдневно противречност на неговите изјави, но ова се знаеше кога тогаш ќе дојдевме во оваа фаза, вели Дулови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.