Љубовна афера причина за пукањето во германската дискотека

Лицето што рано изутинава отвори оган во дискотека во јужниот германски град Конштанц, во близина на границата со Швајцарија, е идентификуван како ирачки државјанин, кој подого време живеел во Германија и немал поднесено барање за азил, соопшти денеска германската полиција, додавајќи дека нападот не претставува акт на тероризам.

– Истрагата продолжува, но досегашните сознанија не наведуваат на заклучокот дека ова не е терористички чин. Можно е нападот да е извршен од приватни причини, изјави полицискиот портпарол Фриц Бецихофер, додавајќи дека Ирачанецот дејствувал сам.

Инцидентот се случи околу 2.30 часот, кога 34-годишниот Ирачанец со истрели од пиштол убил една жена во дискотеката и ранил уште три други лица. По пристигнувањето на полицијата, напаѓачот отворил оган кон полицајците, ранувајќи еден од нив. Полицијата возвратила на огнот и во престрелката го ранила напаѓачот, кој потоа в болница им подлегнал на здобиените повреди.

Анонимен полициски извор за германските медиуми изјавил дека најверојатно во прашање е „љубовна афера“.

Медиумите јавија дека по инцидентот настанала паника во дискотеката, при што дел од гостите се обиделе да се сокријат во самиот објект, а дел избегале надвор.

Веднаш по настанот пред дискотеката, што се наоѓа во индистрискиот дел на Конштанц, пристигнале „значителни полициски сили“, вклучително и специјалци, а местото го надлетувал и хеликоптер.