Лук Шоу си обезбеди неделна плата од 140 илјади фунти

Ако им се верува на англиските медиуми, тогаш новопечениот репрезентативец на „Гордиот Албион” и стандарден првотимец во дресот на Саутемптон, Лук Шоу, до крајот на следната недела и официјално ќе биде претставен како прва летна аквизиција на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

Според познатиот таблоид на Островот, „Дејли Стар”, преговорите помеѓу двата клуба се во финална фаза, а актуелниот клуб на Шоу, Саутемптон, очекува на неговото обештетување да заработи околу 25 милиони фунти.

Офанзивниот лев бек треба да потпише 5-годишен договор со гигантот од „Олд Трафорд”, а потпишаниот договор му гарантира и неделна заработувачка од 140 илјади фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.