Лука Циндриќ “влета” во репрезентацијата на Хрватска

Еден од најдобрите ракометари во тимот на Металург сезонава, Лука Циндриќ, конечно ќе добие шанса да ги покаже своите квалитети и во репрезентацијата на Хрватска.

Овој повик доаѓа по откажувањето на Домагој Дувњак, кој поради проблеми со очите мораше да ја напушти репрезентацијата и да замине на интервенција.

По ова откажување на Дувњак, селекторот Славко Голужа одлучил дека на воведниот натпревар од квалификациите за ЕП 2016 против Холандија, најдобро “друштво” за Игор Карачиќ на бековската позиција кај “коцкестите” би бил токму Циндриќ. Како ќе функционира овој тандем селекторот ќе има прилика да дознае уште во текот на денешниот ден.

Хрватска денеска игра против Холандија, в недела ѝ гостува на Турција, а отсуството на Дувњак во никој случај не треба да ја доведе во прашање победата и на двата меча. Во истата група игра уште и Норвешка, која вчера веќе оствари победа против Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.