Луксузната лимузина украдена на „Партизанска“ најдена во Грчец

По преземени активности од страна на скопската полиција, во текот на вчерашниот ден бил пронајден автомобил „ауди 6 кватро“, кој ден претходно бил пријавен како украден на булеварот „Партизански одреди“.

Како што информираат од МВР, во врска со случајот приведен е 34-годишен жител на Грчец со иницијали Н.Ш. За целосно расчистување на случајот бил извршен и претрес во неговиот дом.