Лустриран академик, го кодошел Богомил Ѓузел

Академик на МАНУ и поранешен директор на Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски соработувал со тајните служби, утврди Комисијата за лустрација на денешната седница. Академикот соработувал со УДБА и со СДБ од 1950 сè до 1987 година. Академикот бил активен во таа соработка цели 37 години, од 1950 до 1987 година.

Оваа одлука е донесена откако неговото досие било збогатено со дополнителна документација, по што била донесена ваквата одлука. Марко Мариќ, псевдонимот на академикот, бил активен уште како студент, давал информации за работата на  студентскиот клуб од Пирин. Освен тоа, од досието било јасно дека директорот на библиотеката давал, меѓу другото информации и за писателот Богомил Ѓузел.

Лустраторите денеска лустрираа и поранешен директор на скопска гимназија.