Маџар Маало денеска без вода

Без вода денеска од 10 часот ќе бидат корисниците од населбата Маџар Маало во општина Центар.

Од ЈП Водовод и Канализација, соопштија дека причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на водоводна цевка од Ф 6/4 на ул. Преспанска бр.21 .

Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот.