Македонска берза го запре тргувањето со акциите на ЗК „Пелагонија“

По налог од Комисијата за хартии од вредност, времено се суспендира тргувањето со акциите на ЗК „Пелагонија“ АД Битола информира денеска Македонска берза.

Од Берзата додаваат дека се очекува и официјално соопштение од ЗК „Пелагонија“.

Вчера медиумите информираа дека има обид  за манипулација на помалите акционери во ЗК Пелагонија со што вештачки се крева цената на акцијата на комбинатот, а тоа го прават некои берзански шпекуланти и брокери..